И секси гого-танчерката (24) го остави Џони Деп (56), а ова е причината! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Обвинувањата на сметка на актерот Џони Деп (56) од страна на неговата поранеша сопруга, Амбер Херд (33), се уште траат. Актерот поради таа е нон-стоп под лупа на јавноста.

Тоа негативно внимание и пречело на неговата сегашна девојка, гого-танчерката Полина Глен (24). Глен го оставила Деп и побегнала од Лос Анџелес во родниот Санкт Петерсбург, бидејќи секое медиумско внимание поради актерот ја исплашило и сакал да се тргне од се.

Таа ги спакувала работите и си заминала од заедничкиот стан во Лос Анџелес…

Џони и Глен во врска запловија во 2017 година, додека тој се уште беше во процес на развод од поранешната сопруга која го обвини за злоставување.

Имено, поранешната сопруга Херд во обвинувањето навела дека актерот психички ја злоставувал, односно ја тепал, влечел за коса, особено кога ќе се напиел. Актерот ги негираше сите обвинувања. Исто така тој ја тужел за клевета, но таа не се откажала и навела уште деатали за злоставувањето.

Фото: Профимедиа

– Цела ноќ пиеше и се дрогираше. Утрото кога ќе се разбудев ќе ме дочекаше и ќе почнеше да ме малтретира. Тој ден ме удри повеќе пати, ме плукаше, фрлаше со шишиња. Се плашев за мојот живот – рекла Амбер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот