И Полска пресилна, македонските одбојкарки не освоија ниту еден сет на ЕП до 19 години

Македонија со пет порази го заврши настапот на ЕП до 19 години во Скопје/Фото: facebook/Одбојкарска федерација на Македонија

Македонската женска одбојкарска репрезентација денеска во својот последен петти натпревар од групната фаза загуби и од Полска со 3:0 во сетови 25:8, 25:8 и 25:18.

Со пет порази во групата „1“ нашата селекција го заврши на Европското првенство за одбојкарки до 19 години кое се одржува во Скопје.

Полските одбојкарки исто така беа пресилни, а „црвено-жолтите“ рамноправно се бореа само во третиот сет кој го загубија со 25:18.

Најефикасна во нашите редови беше Добрина Хаџи Тосева со 11 поени, по три имаа Ана Јаничиќ и Марија Пакетова, а по два Мила Долдурова, Анастасија Овнарска и Ива Стојкоска.

Македонија со ист резултат 3:0 во нашата група ги загуби и претходните натпревари со Италија, Словенија, Финска и Грузија.

Полуфиналните двојки на ЕП се Србија – Полска и Италија – Холандија, а битката за медалите ќе се води во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје во претстојниот викенд. Во СЦ „Јане Сандански“ ќе се играат мечевите за пласман од петтото до осмото место во конечниот пласман на шампионатот, Словенија против Хрватска, а Турција е ривал на Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот