И покрај забраната за движење Грците излегоа на првомајска прошетка

Фото: МИА

Редици имаше во кафулињата кои се отворени за кафе за носење, а секако се почитуваше и потребното растојание.

Убавото пролетно и сончево време, традиционалните обичаи и прошетки за Први мај, не ги оставија рамнодушни Грците, па така во текот на вчерашниот ден, и покрај забраната за движење, голем број граѓани излегоа од нивните домови.

Повеќето од нив ја искористија можноста број шест, односно исклучокот од забраната што дозволува физичка активност, секако во близина на нивните домови.

Особено полни, во текот на вчерашниот ден беа отворените паркови, каде што семејства, друштва и слично, на различни возрасти излегоа на прошетка, излегоа да соберат свежо цвеќе, но и да направат цветен венец, како што традиционално се прави секоја година на Први мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Редици имаше во кафулињата кои се отворени за кафе за носење, а секако се почитуваше и потребното растојание.

Паралелно, полицијата секојдневно продолжува да врши контроли на возилата како во Атина, така и во останатите грчки градови.

Во текот на вчерашниот ден грчката полиција регистрирала 59 прекршувања на забраната за движење вон регионалната единица на постојаното место на живеење и 867 прекршувања за непотребно и неоправдано движење.

Казната за несовесните граѓани, во првиот случај е 300, а во вториот 150 евра.

Од воведувањето на забраната за движење во Грција на 23 март годинава, заклучно со вчера била изречена 60.991 казна за непотребно движење во висина од 150 евра, односно вкупно казни во висина од над девет милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот