И покрај кризата „Тесла“ бележи профит

Пркосејќи и на пандемијата, заканата од втора рецесија и проценките на аналитичарите од „Волстрит“ кои очекуваа загуба, производителот на автомобили од „Силициумската долина“ соопшти дека последното тримесечје заработил 104 милиони долари.

Производителот на електрични автомобили „Тесла“ и покрај пандемијата од Ковид – 19 и економската криза успеа да оствари заработка и за прв пат во својата историја дојде до четири последователни профитабилни квартали.

Со тоа вредноста на највредната автомобилска компанија забележа дополнителен раст, додека истовремено бележи успеси на иновативниот пристап пишуваат светските медиуми.

Пркосејќи и на пандемијата, заканата од втора рецесија и проценките на аналитичарите од „Волстрит“ кои очекуваа загуба, производителот на автомобили од „Силициумската долина“ соопшти дека последното тримесечје заработил 104 милиони долари.

Четирите последователни профитабилни квартали укажуваат дека компанијата за електрични автомобили може да успее во она во што многумина се сомневаа кога Илон Маск ја основаше компанијата „Тесла“, а тоа е заработка на пари со производство на електрични автомобили со оглед на прескапите батерии кои ги придвижуваат овие возила.

„Тесла“ од 2003 година изгуби речиси 6,78 милијарди долари и беше пред финансиски колапс во неколку наврати, како во 2008 година кога компанијата имаше потешкотии да го испорача „Модел 3“. По загубата од 408 милиони долари во вториот квартал во 2019 година дојде до пресврт откако „Модел 3“ го поттикна растот и по отворањето на фабрика во Кина, како прв капацитет во странство.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот