И Пеп го крена гласот против Суперлигата: Управата мора да ми ја објасни одлуката

Фото: EPA-EFE/Carl Recine

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не е сигурен дека неговиот тим треба да биде дел од новоформираната Суперлига.

Гвардиола пред претстојниот натпревар на неговиот тим против Астон Вила во Премиер лигата, пред новинарите зборуваше за Суперлигата.
– Спортот не е спорт кога врската помеѓу трудот и награда не постои. Тоа не е спорт доколку успехот е загарантиран или доколку не е важно кога ќе загубиш. Многу пати кажав дека сакам успешна Премиер лига, а не само еден клуб да биде на врвот. Не е во ред кога можеби четири или пет клубови одат горе и ќе им се приклучат на овие екипи. Но, што се случува кога 14 или 15 од тие клубови немаат добра сезона и секој пат се во едно натпреварување – изјави Гвардиола кој потоа кажа што мисли за Суперлигата и учеството на неговиот тим во неа.

– Ова ситуација со Суперлигата мора да биде разјаснета и мора да се знае зошто се донесени вакви одлуки. Претседателот мора да ми одговори зошто Сити е дел од Суперлигата. Зошто Ајакс не е вклучен во овој проект и покрај сите успеси. Објаснете ми го тоа.  Суперлигата е ембрион кој сè уште не дише. Ние може да зборуваме за реалноста, а тоа е Лигата на шампионите. Ние ќе се обидеме да се пласираме во финалето на ЛШ, а потоа и следната сезона сакаме да играме во европските купови бидејќи тоа го заслуживме и освоивме со нашата работа и резултати на теренот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот