И „истокот“ и „западот“ закачени на торенти: Рекордно симнување во време на коронавирусот

Растот на преземањето на содржини по пат на торент сајтови е забележан не само во овој дел од светот, а деталната анализа на податоци по региони сѐ уште се очекува.

Луѓето ширум светот, соочени со домашна изолација поради пандемијата од коронавирус, многу ги променија својите стандардни навики и се преориентираа на сѐ она што може да го направат од дома.

Соочени со ситуацијата со денови да седат дома, почнаа да ги „откриваат“ платформите за видео повици, бројните ЈуТјуб туториали за стекнување на разни вештини, како и вежбање во домашни услови, додека многумина времето го трошат гледајќи филмови и серии на Нетфликс и сличните платформи.

Така на пример, ЈуТјуб во текот на март забележи 10 отсто поголем сообраќај на своите страници. Истовремено, се поголем број луѓе, се повеќе и сѐ почесто посетуваат различни сајтови кои нудат пребарување на торенти.

Така сајтот TorrentFreak пронајде врска меѓу порастот на интересот за пиратски сајтови во подрачјата во кои на сила се мерките за домашна изолација, социјално дистанцирање како и останување дома.

Извор: TorrentFreak

Така во Кина во февруари, кога ескалираше кризата во Вухан, забележан е пораст на протокот кон пиратски страници од 20 отсто, во однос на периодот пред карантин.

Во повеќето западни земји со со примена на мерките за борба против епидемијата се почна во март, што исто така е проследено со пораст на бројот на активни преземања на датотеки преку торент.

Така со ниво од околу 12 милиони даунлоди кон средината на март, започна раст кој доведе до околу 16 милиони „симнувања“ на ден, што претставува раст за дури една третина, пренесува Буг.

Овој пораст секако може да се припише на зголемената потреба на корисниците за разни пиратски содржини од забавен карактер, со кои луѓето сакаат да си го скратат себе си времето поминато дома. Појавата е забележана речиси во цел свет, а деталната анализа по региони сѐ уште се очекува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот