И двајцата прозбореа за разводот! Кристина: „Бев во депресија“! Даниел: „Овој период не е лесен“!

Фото: Инстаграм

Српските медиуми дури денеска разбраа дека познатиот пејач Даниел Кајмакоски се разведе од манекенката Кристина Димитревска.

Како што повеќето од вас знаат, Даниел и Кристина веќе поливина година не се заедно, а ниту едниот ниту другиот во тој период не ги открија причините за нивниот развод.

 

View this post on Instagram

 

See you @splavplaybelgrade #blackberriesband ?

A post shared by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski) on

Но, двајцата сепак решија да прозборат и да ја откријат причината зошто нивниот брак пропаднал.

– Кристина и јас не сме заедно веќе подолго време. Бракоразводната парница е во тек. Донесовме одлука да се разведеме бидејќи сфативме дека тоа е најдобрата опција за нас. Останавме добри пријатели и ќе настојуваме да бидеме што е можно подобри родители за нашето дете. Поради него сме постојано во контакт. Нашите семејства и пријатели веќе одамна знаат за разводот и сме благодарни за поддршката која ни ја пружаат. Овој период не е лесен за никој од нас – рекол Даниел.

Кристина беше поконкретна во својата изјава и искрено призна дека по разводот била во депресија.

 

View this post on Instagram

 

#sunsetlover ?

A post shared by Kristina? (@kristina.dimitry) on

– Кога сакаш, тешко го прифаќаш фактот дека не ви оди, дека не сте еден за друг. Во тој период не сакав да комуницирам со никој, се затворив сама во себе. Ми изгледаше како цел свет да ми се срушил на глава. По подолг таков период се изборив со болката која ми го уништи срцето – рекла манекенката и додала дека во борбата со депресијата и помогнало вежбањето.

– Поради професијата со која се занимавам, морав да продолжам со вежбање. Секој ден сум во теретана – изјавила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот