И 5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички

платежни картички
Платежни картички / Фото: Архива на „Слободен печат“

Во екот на комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, СДСМ повика на негово изгласување за да може да се обезбедат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка на стопанството и на населението.

– Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари. Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на повеќе од 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка. Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи – информираа од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот