Хунтата во Мјанмар повторно го одложи терминот за судење на Су Чи

epa09130246 Lawyer of Myanmar democracy icon Aung San Suu Kyi, Daw Min Min Soe, speaks to journalist after Aung San Suu Kyi?s court hearing in Naypyitaw, Myanmar, 12 April 2021. Aung San Suu Kyi, who has been in detention since the coup, appeared for a court hearing via a video link. EPA-EFE/STRINGER

Хунтата во Мјанмар денеска повторно ја одложи судската постапка против поранешната лидерка Аунг Сан Су Чи соопштија нејзините адвокати, кои се борат за дозвола да ја посетат, 12 недели откако беше приведена.

Притворената лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, која со воен удар беше соборена од власт, денеска повторно побара лице-в-лице средба со нејзините адвокати на второто судско сослушување овој месец, јави ДПА.

– Шесте случаи со кои се соочува Аунг Сан Су Чи не беа на дневен ред денеска, изјави за ДПА Кин Маунг Зау, шеф на правниот тим на Су Чи. – Таа го повтори своето барање за лична средба со адвокатите, рече тој, појаснувајќи дека одлука за тоа барање се уште не е донесена.

Обвинителството ја обвинува 75-годишната жена за неколку дела, вклучително и кршење на законите за надворешна трговија во врска со радио опрема пронајдена во нејзината куќа и кршење на ограничувањата во врска со пандемијата на коронавирус. Најсериозно обвинение досега е обвинението за „поттикнување бунт”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот