Гаши: Владата на Заев не може со ова мнозинство да излезе од кризата

Африм Гаши/ Фото: Архива на Слободен печат

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кој е во коалиција со Алијанса за Албанците на Зијадин Села дебатира вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 заедно со политичките аналитичари Сафер Селими и Бесим Хода на актуелни теми.

„Со Заев сме разговараме неколку години наназад за соработка. Имавме соработка пред една година. Ние како опозиција неколку пати кажуваме дека Владата е во сериозна криза, во секоја смисла на зборот. Има криза со пандемијата, неспособна е Владата да донесе вакцини, има сериозни потфрлања во економијата и ред други работи“, рече Африм Гаши – лидер на Алтернатива.

Тој додава дека оваа Влада тешко да продолжи вака.

„Заев бара ние да се приклучиме кон владиното мнозинство. Пред тоа требаше сериозна анализа, да се вклучиме и експерти во преговорите, па заедно да одлучиме и конечно заедно да излеземе од оваа голема криза“, потенцираше Гаши.

Наши пратеници нема да преминат во владиното мнозинство, ниту пак имало преговори со СДСМ, додаде, лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

„Има доста шпекулации последниот период дека имало преговори со Заев за Алтернатива да биде дел од Владата. Еве кажувам ексклузивно дека немало никакви преговори и разговори со СДСМ. Нема ниту вистина во тоа што го најавува Билал Касами од Беса дека двајца наши пратеници ќе се приклучат кон мнозинството. Ве уверувам дека ние сме супер сложни и така ќе останеме. Засега нема разговори за зголемување на владиното мнозинство“, изјави Гаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот