Пожар во викендичка кај Катланово, 15 пожарникари и пет возила го гаснат огнот

Фото: МИА/илустрација

Избувнал пожар во викендичка во населбата Катланово во близина на цркавата, соопшти вечерва Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

„Во 22 часот е добиена пријава за запалена викендица во населбата Катланово во близина на цркавата. Мометално екипата од БППЗ на Град Скопје интервенира со пет возила и 15 пожарникари“, се вели во соопштението до РЦУК.

Оттаму велат дека нема опасност пожарот да се прошири. Повеќе информации за овој случај од РЦУК најавија во текот на утрешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот