Хрватска регистрираше 135 новозаразени со ковид-19

Почитување на ковид мерки во Хрватска/ Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 135 нови случаи на Ковид-19, а бројот на активни случаи е вкупно 1.158.

Меѓу нив, 274 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 26 се на апарати за дишење. Три лица починале.

Во Хрватска досега се забележани вкупно 16.380 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 275 починале.

Вкупно закрепнале 14.947 лица, од кои 154 во последните 24 часа. Во моментот има 8.744 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 300.492 лица, од кои 4.494 во последните 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот