Хрватска полиција уапси 27 лица во Истра: Осомничените се товарат за фингирање на сообраќајни несреќи и мамење на осигурителни компании:

Хрватска полиција
Хрватска полиција / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Истарската полиција соопшти дека се упасени 27 лица под сомнение дека лажирале сообраќајни несреќи и мамеле осигурителни компании.

Се сомнева дека зад делото „злосторничко здружување“, измама и фалсификување на исправи стојат двајца мажи, од кои едниот од претходно се наоѓа во истражен затвор, и една жена, додека останатите лица се товарат за лажирање на сообраќајни несреќи, со што помогнале во измамата.

Од 2012 година до 2018 година тие планирале и организирале лажни сообраќајни несреќи на подрачјето на Истарската жупанија, едниот ги пријавувал во полиција за финансиски надомест, а потоа жртвите оделе во болница, каде се жалеле на претходно договорени повреди.

Потоа тие ја предавале медицинската документација на медицински техничар, еден од учесниците во синџирот на измама, кој неовластено изработувал нови специјалистички наоди во системот на болницата кои ги исполнувале условите за компензација од осигурителните компании.

Освен што фингирале сообраќајни несреќи, осомничените ги мамеле осигурителните компании и во случаи на вистински несреќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот