Хрватска и Бих најавуваат намалување на платите во јавниот сектор

Во Хрватска и БиХ се најавува намалување на платите во јавниот сектор од 10 до 15 отсто.

Земјите од регионот по појавата на новиот коронавирус преземаат различни мерки за спас на економиите, меѓу кои е и намалувањето на платите во јавниот сектор.

Хрватскиот министер за економија Дарко Хорват изјави дека доколку не помогнат другите методи во време на кризата со Ковид-19, тогаш ќе мора да се намалат и платите во јавниот сектор.

И во БиХ, федералниот премиер Фадил Новалиќ вчера порача дека треба да се намалат платите за време на кризата поради коронавирусот.

– Секако дека сметам оти треба на сите да им се намалат платите. Не е проблем ако треба да се почне од највисоките функционери. Некои одлуки треба да ги донесе Парламентот, некои Владата. Платите треба да се намалат, почнувајќи од мене, изјави Новалиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот