Хрватот Божиќ Павлетиќ за уште посилен Е. Пелистер

Јосип Божиќ-Павлетиќ од следната сезона во францускиот Трембле/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

РК Еурофарм Пелистер од сезоната 2021/22 ќе биде посилен за хрватскиот интернационалец, Јосип Божиќ Павлетиќ. Десното крило на хрватската репрезентација и сезонава член на Гепингем потпиша договор на една сезона, со опција за уште една со битолскиот суперлигаш.

Јосип Божиќ Павлетиќ е роден во Сплит на шести август 1994 година. Дел од познатата хрватска ракометна школа, а име градеше носејќи го дресот на Нексе Нашице. Во 2017 година премина во ППД Загреб и неколку сезони по ред освојуваше титули од шампионатот и Купот на Хрватска.

Во јануари годинава се пресели во Бундеслигата и успешно настапуваше за Гепингем, клубот од кој Јосип Периќ минатото лето дојде во Битола. Неговото доаѓање во Битола е голем чекор за клубот и уште едно репрезентативно име во ростерот на Жељко Бабиќ.

Божиќ Павлетиќ е четврти хрватски интернационалец во ростерот за следната сезона на Еурофарм Пелистер по Мандалиниќ, Кушан и Мараш. Тој претставува четврто засилување за битолскиот клуб за сезоната 2021/22 по Кизиќ, Обрадовиќ и Табоада.

Официјалното претставување на Божиќ Павлетиќ е закажано за почетокот на подготовките за следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот