Хрватите најавуваат: Адеми и Ристовски од првата минута против Шкупи

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Денеска од 21.00 часот на стадионот „Максимир“ ќе се игра првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите помеѓу Динамо Загреб и Шкупи.

Хрватските медиуми најавуваат дека се очекува двајцата наши репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски бидат стартери на вечерашниот дуел против македонскиот шампион.

Можните стартни 11 на Динамо Загреб: Ливаковиќ, Ристовски, Шутало, Периќ, Љубичиќ, Адеми, Мишиќ, Иванушец, Шпикиќ, Оршиќ, Дрмиќ.

Секако, официјалните старни состави на двата тима ќе бидат објавени непосредно стартот на натпреварот.

Според светските обложувалници Динамо е апсолутен фаворит за денешниот дуел, според „Бет365“ за триумф на Хрватите коефициентот е 1,09, а за победа на Шкупи е 26,00.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот