Хрват неуспешно шверцувал 109 килограми „сканк“

Марихуана/Фото: EPA

Обвинетиот бил откриен во намерата, а потоа и уапсен на граничниот премин Градишка.

Лука Мишевиќ (29) од Хрватска, кој беше уапсен во акцијата „Диабло“ во текот на истрагата  признал дека се обидел да пренесе дрога „сканк“ од БиХ во Хрватска. Во текот на истрагата тој склучил договор со Обвинителството на БиХ.

Обвинетиот Мишевиќ е откриен и уапсен на граничниот премин Градишка, кога се обидувал да прошверцува околу 109 килограми дрога од БиХ во Хрватска. Наркотикот бил сокриен во камион кој тој го управувал.

За него е предложена затворска казна во траење од четири години, како и парична казна во износ од 5.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот