Хороскопските знаци и нивната смисла за хумор

Насмеана девојка / среќа / смеење / хумор
Фото: Pexels/Davner Ribeiro

Овен

Со Овенот владее планетата Марс, па поради агресивноста на оваа планета, за него е најинтересно да се потсмева со некој друг. Тој се смее на глас и честопати е многу суров во шегите, а, од друга страна, поради своето силно его, не прифаќа шеги на своја сметка.

Бик

Хуморот на Бикот е суптилен, во границите на манирите и во хармонија со доброто однесување и пригодата. Тоа е така затоа што со него управува Венера. Бикот прифаќа шега на своја сметка, без да се одмазди. Но, поради својата чувствителност, тој ги избегнува другите.

Близнаци

Близнаците обожаваат да се шегуваат. Некогаш нивните шеги се вулгарни, понекогаш интелектуални, но никогаш злобни. Тие сами по себе се смешни и нивниот живот е секогаш исполнет со позитивни погледи на светот.

Рак

Ракот повеќе сака да слуша шеги, наместо да кажува, а кога се шегува, тоа никогаш не е вулгарно. Тој е семеен човек кој е свесен колку зборовите може да повредат некого, дури и на шега. Затоа, Раковите не се добри комичари. Тие се премногу внимателни кон другите и премногу чувствителни на сè.

Лав

Лавот сака да го има главниот збор и да ги смее луѓето околу него. Тој е многу духовит само ако сака. Не се плаши од ништо и секогаш добива бурни овации откако ќе каже некоја шега.

Девица

Девиците не се баш шеговити – понекогаш е дури и тешко да ги насмеете. Чувството на инфериорност секогаш ја спречува Девицата да се опушти, а ако се смее на глас, тоа значи дека мисли дека може да се опушти со вас. Инаку, сериозноста многу ѝ пречи во животот.

Вага

Како и другите воздушни знаци, Вагата понекогаш е особено расположена за шега и едноставно сјае со несериозност што ги тера другите да се смеат. Сепак, Вагите не се вулгарни бидејќи Венера владее со нив. Тие ќе успеат да најде смешна страна во сериозните животни ситуации, но не секогаш ќе ја споделат со другите.

Скорпија

Скорпијата е мрачна и мистериозна по природа, но тоа не значи дека не знае да се шегува. Напротив, Скорпиите може да бидат прилично духовити, особено ако станува збор за црн хумор. Не се штедат ни себеси ни другите и често знаат да ги насмеат другите до солзи.

Стрелец

Со својата духовитост, Стрелецот лесно го собира друштвото околу себе и сите одат по неговите стапки. Ако не можете да најдете нешто да ве насмее, јавете му се на Стрелец. Неговите гестови, шегите што ги кажува и неговата карикатура не можат да ве остават рамнодушни. Со Стрелците управува Јупитер, затоа имаат вроден оптимизам и смисла за хумор.

Јарец

Јарецот тешко ги разбира шегите, а уште потешко му е да ги измисли. На Јарецот најверојатно сериозноста му е сопирачка за сè што е смешно, па затоа ретко се смее, освен ако не е под влијание на некоја интересна планета. Нему животот му е секогаш сериозен и не знае како да се опушти. А, нема ни време за смеа.

Водолија

Водолијата во смеата наоѓа само привремено бегство од сериозни теми. Таа го менува своето расположение неколку пати на ден и никогаш не знаете каква ќе биде следната минута. На Водолијата не ѝ пречи ништо – прифаќа сè, од црн хумор до вулгарни шеги, а не ѝ пречат ниту традиционалните шеги.

Риби

Ако некогаш се извлечат од матните длабочини, Рибите знаат да се насмеат, но најчесто на својата мака или на туѓите шеги. Рибите не се духовити сами по себе, но откако тагувале за нешто, од срце се смеат на своите заблуди. Без оглед на тоа, тие уживаат во туѓите шеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот