Хороскопски знаци кои најтешко ќе го поднесат последниот ретрограден Меркур за 2023

Фото: Pexels/Timur Weber

Од 13 декември, па сѐ до 1 јануари, планетата Меркур ќе биде во ретроградна позиција. Ова најмногу ќе им влијае на припадниците на хороскопските знаци Јарец, Вага, Овен и Рак, пишува „Сенса“.

Според астролозите, ретроградното движење на планетата на комуникацијата има негативна конотација. Тие сметаат дека ретроградниот Меркур може да доведе до промени во пријателствата, до вознемиреност и главоболка, но и неизвесност во деловното работење.

Но, последниот ретрограден Меркур за годинава малку се разликува од претходните две поради фактот што се движи наназад од Јарец до Стрелец. Тој ќе ве поттикне да стекнете признание во деловната средина и да ги постигнете работите што отсекогаш сте ги сакале. Но, од друга страна, тоа ќе направи да потклекнете, да бидете немирни, ќе создаде одложувања и ќе ве држи назад. Ќе треба да ги преиспитате вашите верувања за да ги надминете тие ограничувања. Но, не паничете – прифатете ја промената.

Поработете на комуникацијата

Бидејќи планетата Меркур владее со комуникацијата во сите форми, без разлика дали е писмена или говорна, обидете се да посветите повеќе внимание на сѐ она што го вклучува таа – од преговорите на работното место, до плановите за патување.

Не правете големи планови

Меркур може да донесе недоразбирања, затоа паузирајте ги сите поважни разговори што ќе имаат долгорочно влијание врз вас. Најдобро е да почекате Меркур да се врати во нормала, бидејќи тоа ќе ве спаси од многу проблеми во иднина.

Бидете пофлексибилни

Дозволете си работите да не одат според она што сте го испланирале. Мудро е да имате резервни планови и да ги земете предвид сите можни недоразбирања.

Погледнете околу себе

Исто така, ова е добар период да погледнете наназад и да размислите каде ја влошувате својата енергија и на што го трошите своето време. Можеби сте зафатени со работа која ви го одзема времето што сакате да го поминете со семејството или можеби го запоставувате омиленото хоби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот