ХОРОР ВО СРБИЈА: Ги убил внукот и зетот, а потоа тешко повредил уште две лица

Полицијата синоќа во Књажевац го уапсила 63-годишниот Ненад Рониќ, осомничен дека вчера околу 20 часот, во дворот на семејната куќа во Књажевац, со пушка убил две лица, а две тешко ги ранил, пренесува Еспресо.рс.

Едно лице веднаш починало на лице место, додека другото во болницата во Књажевац. Во крвавиот масакр уште две лица, се здобиле со тешки телесни повреди, а осомничениот после убиството веднаш побегнал од местото на злосторството, пренесуваат српските медиуми.

Од здобиените повреди во дворот на лице место починал Јастреб Асановиќ (38), а додека Иван Рониќ (19) им подлегнал на повредите во болницата во Књажевац.

Убиени биле зетот и внукот на убиецот, а додека пак снаата Романа (20) и внукот Б.Р(15) со тешки телесни повреди биле пренесени во болница.

Пред убиецот да го направи крвавото злосторство, како што тврдат спрските медиуми,  се случувала голема расправија помеѓу Рониќ и неговиот брат од чичко К.Р, кого Иван го претепал.

Веднаш потоа К.Р се пожалил на својот дедо Ненад, кој ја зел пушката и го започнал крвавиот масакр.

После злосторството Рониќ ја оставил пушката и побегнал во непознат правец, но полицијата набргу успеала да го фати и да го уапси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот