Хорор во Пакистан: Ги запалил ќерките и внучињата затоа што едната од нив се омажила по своја волја

Пакистан/ Фото: МИА

Пакистанец е осомничен дека ја запалил куќата во која живееле неговите две ќерки и четири внуци, бидејќи едната се омажила против негова волја, објави Си -Ен -Ен.

Полицијата го бара Манзур Хусеин затоа што наводно запалил куќа во пакистанскиот кварт Музафаргарг, каде живееле неговите две ќерки Фаузија Биби и Куршид Маи. Во пожарот загинале двете ќерки, нивните четири деца и сопругот на Маи.

Фаузија Биби пред 18 месеци се омажила за Мехуб Ахмад против волјата на нејзиниот татко. Тоа бил брак од љубов, а не договорен брак.

„Инцидентот беше предизвикан од конфликт меѓу две семејства поради брак од љубов“, соопшти локалната полиција.

Сопругот на Биби, Ахмад и рекол на полицијата дека не бил дома во моментот на пожарот и дека кога се вратил од работа рано наутро, го нашол својот дом во пламен. Неговиот четиримесечен син, заедно со трите деца на Маи на возраст од 2, 6 и 13 години, загинаа во пожарот.

Во Пакистан, стотици жени се убиваат секоја година од членови на семејството, поради стапување во брак против нивна волја, наведува Комисијата за човекови права на Пакистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот