Холивудски ѕвезди кои го слават православниот Божиќ: Некои верата ја промениле поради љубов, некој мирот го пронашол на Света Гора

Ким Кардашијан /Адријана Лима /Наоми Кемпбел /Џенифер Анистон /Фото: Профимедиа /Принтскрин Инстаграм / EPA-EFE / MIKE NELSON

Повеќето холивудски ѕвезди го слават Божиќ според грегоријанскиот календар, на 25 декември, во пресрет на Новата година, но некои славни личности го слават овој голем празник на 7 јануари.

Некои славни ѕвезди се приклучиле на православието, додека има и такви кои најрадосниот христијански празник го почитуваат поради своето потекло или своите партнери.

Британскиот актер Кристијан Бејл, кој повеќе од две децении е во брак со манекенката со српско потекло, Сандра Блажиќ, попозната како Сиби, поради неа ја прифати православната вера. По венчавката со Сандра, Кристијан го слави Божиќ на 7 јануари.

Манекенката и ангел на „Викторијас сикрет“ Адријана Лима со години беше во брак со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ, со кој има две ќерки. Манекенката тогаш прифатила да слави двапати Божиќ, а таа традиција продолжила да ја почитува и по разводот, па секоја година на социјалните мрежи споделува божиќна честитка, а неколкупати тоа го направила и на српски јазик.

Фото: Profimedia

Актерката Џенифер Анистон го наследила православното христијанство од својот татко Џон Анистон. Таткото на Џенифер е роден како Јанис Анастасакис на Крит. Актерката давала и многу добротворни донации на црквата под покровителство на Вселенската патријаршија.

Џонатан Џексон

Петкратниот добитник на наградата Еми, кој е најпознат по улогата на Лаки Спенсер во серијата „Општа болница“ (General Hospital) премина во православие во 2012 година, додека пред тоа беше протестант.

Кога доби една од наградите Еми, им се заблагодари и на монасите на Света Гора кои постојано се молат за спас на светот.

Фото: Принтскрин /Инстаграм

Манекенката Наоми Кемпбел станала православен верник во руската православна црква додека била во врска со рускиот тајкун Владислав Доронин.

Наоми Кемпбел
Наоми Кемпбел / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Кога по вторпат се ожени со својата колешка Рита Вилсон, актерот Том Хенкс реши да стане православен. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка е родена во Албанија, но има грчко потекло.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло, четврта генерација емигранти од Ерменија, а нејзините предци живееле на територијата на која се наоѓа денешна Турција.

Познатиот пејач Д’ Викенд го одгледале мајката и бабата откако неговите родители се развеле. А, во една прилика истакнал дека како дете често одел со баба му на богослужби во етиопската православна црква Тевахедо.

Милица Богдановна Јововиќ е родена во Киев, од мајка Галина Логинова, поранешна руска актерка и Богдан Јововиќ, српски лекар. Мила Јововиќ и својата ќерка ја крстила во Руската православна црква во Лос Анџелес.

Канадската актерка со српско потекло Стана Катиќ се прослави со улогата во серијата „Castle“, беше Бонд девојка, снимаше со големи имиња во Холивуд. Актерката продолжи да ја почитува традицијата и своето потекло, а Божиќ секогаш го слави на 7 јануари со своето семејство.

Фото: Принтскрин /Инстаграм

Нина Добрев, ѕвездата на серијата „Дневниците на вампирот“ (The Vampire Diaries) е со православна вероисповед. Нејзиниот татко е по потекло од Бугарија, а нејзината мајка е од Грција. Актерката и откако се преселила во САД, продолжила да ги почитува обичаите.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот