Холандија во шок: Почина светска и европска шампионка во брзо лизгање

EPA-EFE/ZSOLT CZEGLEDI

Лара ван Руијвен почина на 27-годишна возраст.

Холандскиот спорт и во тага откако од Франција пристигна вест дека по двонеделна кома почина 27-годишната светска и европска шампионка во брзо лизгање, Лара ван Руијвен.

– Ова е неверојатен удар за нашата репрезентација. Ни недостасуваше во изминатите две недели, а оваа вест е неверојатна – изјави Јероен Отер, тренерот на холандската репрезентација во брзо лизгање.

Лара ван Руијвен/EPA-EFE/FILIP SINGER

Светската шампионка на 500 метри брзо лизгање починала како последица на автоимуна реакција. Таа била хоспитализирана кон крајот на минатиот месец откако и се слошило на тренингот, а четири дена подоцна била префрлена на оддел за интензивна нега.

Причина за смртта на Ван Руијвен е автоимуна болест поради која дошло до внатрешко крвавење по што Холанѓанката била ставена во индуцирана (вештачка) кома и над неа биле извршени неколку операции, но состојбата не се подобрила. Лара ван Руијвен починала на 10 јули во билница во францускиот град Перпињан.

Автоимуните болести се појавуваат како последица на претерана реакција на имунолошкиот систем против оганизми и ткива кои се присутни во телото. Денеска постојат повеќе од 40 болести кои се класифицирани како сигурно или веројатно од автоимуно потекло и од нив боледува 5-7% од светската популација, а болестите се јавуваат без предупредување или јасни причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот