Харадинај влезе во Специјалниот суд во Хаг (ФОТО)

Радио слободна Европа

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, влезе во зградата на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, каде што ќе биде интервјуиран, пренесува Радио слободна Европа.

Харадинај отпатува во вторникот за Хаг, четири дена по оставката од функцијата премиер на Косово, поради, како што рече, поканата за интервјуирање во својство на осомничен.

Во Хаг, исто така, ќе биде сослушуван и Јакуп Красниќи, поранешен шеф на косовското Собрание.

Специјалниот суд е формиран за да го истражи извештајот на Дик Марти, каде се претендира за злосторства против Србите за време на Војната на Косово. Иако овој суд постапува врз основа на косовските закони, неговото седиште се наоѓа во Хаг.

Телеграфи
Радио слободна Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот