Харадинај се врати од Хаг насмеан, а еве каква порака упати (ФОТО)

Фејсбук

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, доцна синоќа се врати во Косово. За неговото враќањето од Хаг информираше самиот Харадинај преку пост на Фејсбук. Тој објави и слика во која се гледа како се симнува од авион со насмевка на лицето. Тој вели дека веднаш ќе почне со работа и оти никој не смее да се сомнева во неговата невиност. Харадинај упатува порака дека границите на Косово не смее да ги допре никој.

– Само што се вратив од Хаг, а утре продолжуваме да работиме. По мојата оставка ја извршив правната обврска при Обвинителството на специјализираните комори. Во мојата невиност не може да се сомнева никој. Им се враќам на моите обврски во Косово. Мојата одлука за оставка и моите неодамнешни дејствија се порака дека секоја злоупотреба на Косово што доаѓа, нема да нѐ помести од нашето суверено право. Границите на Косово не смее да ги допре никој. На Косово не може да и се наметне Република Додик. Пазарот за признавање да, а данокот до признавањето. Безусловен дијалог, да веднаш – пишува Харадинај на Фејсбук.

Тој истотака најави дека како Влада во оставка ќе ги извршува неговите должности.

– Слушам гласини дека извршувањето на владините должности по оставката не е уставно. Како Влада во оставка, како што споменав и во мојата одлука за оставка, ќе ги извршувам моите должности, зошто не можам да оставам владин вакуум, бидејќи Косово не може да ги сноси последиците од владеачкиот вакум – вели Харадинај.

Косовскиот премиер во оставка додава дека страните кои размислуваат поинаку ги поканува да се обратат до Уставниот суд и без оглед на одлуката на Уставниот суд вели дека ќе ја почитува.

Инаку, пред една недела Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка од функцијата премиер на Косово, поради поканата што ја доби од Специјалниот суд во Хаг. Харадинај, во средата во Специјалниот суд во Хаг, каде што отиде со покана како осомничен, се бранеше со молчење. По распитот, Харадинај најави дека веднаш по враќањето во Косово ќе се вклучи во политичкиот живот.

Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот