Харадинај демантира: Со Гренел не дискутиравме за железничко поврзување меѓу Белград и Приштина

Фото: EPA/Olivier Hoslet

Српските медиуми, меѓутоа, јавуваат дека постојат два правци кои можат да се искористат за железнички да се поврзат Белград и Приштина.

Премирот на Косово во заминување, Рамуш Харадинај изјави дека со специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави за преговори меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел не разговарал за Договор за железницата и оти таа фаза не може да се дефинира како продолжување на дијалогот, јавуваат албанските медиуми.

-Тоа не беше дискусија. Веќе кажав за што разговаравме, изјави Харадинај.

Вели дека изборот за тоа кој ќе оди во Берлин го направило косовското Министерство за инфраструктура.

Сепак, Харадинај вели дека имплементацијата на таков договор би можела да трае подолго бидејќи железничката инфраструктура на Косово е во лоша состојба.

-Имаме железници кои се поврзани со Србија и се во лошо состојба. Во процес сме на реновирање, тоа е голем проект заедно со Европската унија. Договорот со Србија не му нанесува штета на Косово, вели Харадинај.

Српските медиуми, меѓутоа, јавуваат дека постојат два правци кои можат да се искористат за железнички да се поврзат Белград и Приштина.

Првиот правец би можел да биде пругата Белград-Лапово-Крагујевац-Краљево-Приштина во должина од 366 километри. Вториот правец, пак, би можел да биде Белград-Лапово-Ниш-Дољевац-Куршумлија-Приштина, во должност од 388 километри.

Во овој момент, првата линија функционира, но до станицата Косовска Митровица Север. Во втората, пак, возовите одат до Мердаре.

Како што пишуваат српските медиуми, пругата од Мердаре е непроодна бидејќи тунелот на самата граница е срушен при бомбардирањето во 1999 година. Меѓутоа, железницата на територијата на Косовска Митровица е во многу лоша состојба и во овој момент се реконструира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот