Хаотичен старт на трката во Муџело: Два судири и прекини на трката во првите шест круга (ВИДЕО)

Трката за Големата награда на Тоскана која се вози на патеката Муџело е прекината два пати во првите шест круга поради тешки судири.

Во првиот прекин кој се случи уште во првиот круг,  Макс Ферстапен ја заврши трката бидејќи се најде во „сендвич“ помеѓу други два болиди поради што на патеката излезе безбедносното возило.

Вториот поголем инцидент се случи во шестиот круг, односно кога безбедносно возило се повлече од патеката, а тогашниот лидер Валтери Ботас погреши.

Имено, откако изезе безбедносното возило од патеката, Ботас не тргна веднаш во летечки старт и одолговлекуваше што допринесе болидите на возачите од опашката да се судрат.

Трката веднаш беше прекината, на најлошо поминаа Карлос Саинс, Антонио Џовинаџи, Кевин Магнусен и Николас Латифи за кои заврши трката.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот