ХАОС во Преторија: Таксисти НАПАДНАЛЕ дилери на дрога, полицијата почнала да пука (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Јужноафриканската полиција испука гумени куршуми кон демонстрантите во Преторија, откако протестот прерасна во нереди кога беа запалени неколку продавници.

До нередите дојде откако локални таксисти се судрија со локални дилери. Таксистите, наводно, одлучиле да ги нападнат продавачите на „њаопа”, улична дрога во Јужноафриканската Република.

Локални медиуми јавуваат дека еден таксист бил убиен во судирот, по што стотици таксисти со своите возила ги блокираа улиците и го запреа градскиот превоз. Полицијата апелираше на возачите да го избегнуваат тоа подрачје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот