Хамилтон: Изборот беше или судир или победа

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Актуелниот шампион на улиците во Монте Карло ја оствари четвртата победа сезонава, стартуваше од пол позивијата и успеа ви сите 78 кругови да биде прв иако имаше големи проблеми со гумите, бидејќи дури 64 кругови извозе со еден сет на пневматици.

– Ниту во еден момент не сакав да одам во боксот. Беше или да удрам или да ја завршам трката и да победам. Гумите беа никакви и навистина не знам како успеав да возам со толку лоши пневматици. Сите видовте какви проблеми имав но на крајот се испадна добро и ова што го остваривме во првите шест трки, изгледа фантастично – изјави Хамилтон.

Ова беше вкупно 77 победа во кариерата, а триумфот во Монте Карло го посвети на неодамна починатата легенда на Формула 1, Ники Лауда.

-Со борев со духот на Ники во себе. Имаше големо влијание на нашиот и ни помогна да дојдеме до ова ниво на кое што сме сега. Ова беше една од најтешките трки во кариерата но се трудев да го направам горд. Ни недостасува Ники на сите – вели Хамилтон, кој е лидер во генералниот пласман со 137 бодови, 17 повеќе од клупскиот колега, Валтери Ботас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот