Халанд со јасен услов за можниот трансфер следното лето во Барса

Ерлинг Халанд е еден од најдобрите светски напаѓачи на денешницата/Фото: EPA-EFE/Stian Lysberg Solum

Ерлинг Халанд е приоритет на Барселона во следниот летен преоден рок, но Норвежанецот е подготвен да дојде на „Камп Ноу“ само доколку каталонскиот клуб избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона, објави весникот „Спорт“.

Халанд, преку неговиот агент Мино Рајола, веќе започна преговори со Барселона, кој во вторникот се сретна со претседателот на Барса, Жоан Лапорта во Торино, а беше придружуван од Матеу Алемани, директорот на Барса и техничкиот советник Жорди Кројф.

Во игра за ангажирање на Норвежанецот се и Баерн Минхен, Манчестер сити и Реал Мадрид, а Халанд веќе изјави дека е подготвен да ја разгледа понудата на Барселона и евентуално да дојде на „Камп Ноу3 само доколку се пласираат во ЛШ следната сезона.

Моментно Барселона е на осмото место со пет бода помалку од четвртопласираниот во „Ла Лига“ и судејќи според игрите која ги има екипата оваа сезона, пласманот во ЛШ ќе биде многу тешка задача за тренерот Чави.

Поради алчноста на Рајола пропаѓа трансферот на Халанд?

Што се однесува до економскиот аспект за клубот кој во последно време е во големи финансиски проблеми, „Спорт“ тврди дека Барселона веќе има прецизна слика и план за вкупната сума на операцијата, од трансферната цена до хонорарот на играчот и провизиите за Рајола.

Наводно, во Барселона веруваат дека без проблем би можеле да го реализираат трансферот, бидејќи има инвестициски фондови подготвени да му помогнат на каталонскиот гигант. Според претходните информации, Халанд има клаузула во договорот која би можела да се активира следното лето, која ќе му овозможи да замине во случај на понуда од 75 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот