Поради алчноста на Рајола пропаѓа трансферот на Халанд?

Откупната клаузула на Халанд на лето ќе изнесува 75 милиони евра/ фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Ерлинг Халалд заедно со Килијан Мбапе моменто се најбараните фудбалери на трансфер пазаров, но евентуалниот траснфер на Норвежанецот од Борусија Дортмунд во поголем клуб може да го упропасти агентот на играчот, Мино Рајола со неговите нереални барања.

Имен, во договорот на Халанд со Борусија Дортмунд постои клаузула според која напаѓачот идното лето може да си замине за обесштетување од само 75 милиони евра, но Рајола од идниот клуб бара дополнителни 50 милиони евра провизија.

Освен големата провизија која планира да ја подели со таткото на фудбалерот, Алф-Инге Халанд, Рајола инсистира годишната нето плата на Ерлинг да биде 15 милиони евра.

Доколку се собере целата сума, за трансферот, провизиите и платата, идниот клуб во следните четири години би морал да издвои најмалку 250 милиони евра.

Оваа сума „избрка“ дел од заинтересираните екипи како Челси, Баерн Минхен, Јувентус, додека Реал Мадрид ќе се фокусира на трансферот на Килијан Мбапе, и единствените кои можат да си дозволат да ја платат се ПСЖ и двата тима од Манчестер, Сити и Јунајтед, но прашање е дали ќе сакаат да соработуваат со Рајола доколку не ги намали сопствените барања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот