Халанд го потпиша најбогатиот спонзорски договор за еден фудбалер во Премиер лигата

Фото: EPA-EFE/Daniel Hambury

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд потпиша нов договор со „Најк“, иако официјално не се открива, медиумите шпекулираат дека од него ќе заработува околу 20 милиони фунти годишно.

Халанд во јануари 2022 година ја прекина соработката со американската компанија и во изминатите 12 месеци носеше опрема на „Адидас“ и „Пума“. Сега по пауза од една година тој одлучи да се врати во „семејството“ на „Најк“.

Деталите не се откриваат, меѓутоа медиумите веќе објавуваат дека Халанд успеал да се договори да добива 20 милиони евра годишно.

Како за споредба, медиумите го истакнуваат тоа што Џек Грилиш на почетокот на овој месец стана заштитно лице на „Пума“ за 10 милиони фунти по сезона. Во тој момент на Островот се пишуваше дека станува збор за најбогатиот спонзорски договор кој го има еден фудбалер во Преиер лигата, но сега Халанд добил двојно поголема сума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот