Хаџиевски: Треба да се „гине“ на теренот, да покажеме дека сме подобри од Косово!

Фото: facebook.com/gjoko.hadjievski/ffm.mk

Најдобрата македонска репрезентација на 8 октомври (четврток, 20.45 часот) против Косово ќе го игра полуфиналниот натпревар од плеј-офот за пласман на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во 2021 година.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски со евентуален триумф на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, во финалето на 12 ноември годинава ќе игра против Грузија или Белорусија на гостински терен, како последна пречка за учество на континенталниот собир.

На дуелот против косовската селекција како што е веќе најавено, нема да настапи Елиф Елмас поради позитивен тест на ковид-19, а Ангеловски веднаш најде замена.

Никогаш до сега не сме биле поблиску до учество на ЕП, а своите размислувања околу историскиот меч со Косово ги сподели и поранешниот селектор на А репрезентацијата, Ѓоко Хаџиевски.

Шок: Елмас е позитивен на корона

– Бараж натпреварот помеѓу Македонија и Косово сигурно е еден од најважните во досегашните настапи на македонската фудбалска репрезентација. Сигурно дека настапите во Лигата на нации дава шанса како никогаш досега да се пласираме на завршницата на наредното Европско првенство.

Нормално е според рејтингот на нашата репрезентација, да влеземе како фаворити во овој натпревар. Не би сакал да анализирам тактички, како би требало да играме, има кој треба за тоа да мисли, а тоа е селекторот, со негов избор и тактика.

ffm.mk

Мислам дека пресудно ќе биде како психолошки ќе влеземе во натпреварот и уште поважно мотивацијата со која нашите репрезентативци ќе влезат во овој дуел. Сигурно е дека отсуството на Елмас ќе се одрази врз квалитетот на нашиот тим. Се знае дека тој е еден од носителите на играта на нашата репрезентација.

Но, тоа е што е, мора да се одигра натпреварот со тие играчи кои ни се на располагање. Едноставно треба да се „гине“ на теренот, и како многу пати порано, да покажеме дека имаме подобри играчи и меѓународно искуство од селекцијата на Косово – ни изјави Хаџиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот