Гвардиола не ја научи лекцијата: Борусија Дортмунд му украде уште еден тинејџер на Сити

Џејдон Санчо во 2017 година пристигна во редовите на Борусија Дортмунд со епитет на еден од најдобрите фудбалери и во изминатите три сезони во целост ги оправда предвидувањата, а беше платен само седум милиони евра.

Санчо едноставно не сакаше да го чека менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола да му даде шанса во првиот тим и поради тоа се одлучи да замине во Бундеслигата и Борусија Дортмунд каде редовно ќе игра и ќе продолжи да се развива.
Неговиот развој во изминатите три години беше импресивен, Санчо стана едне од најдобрите млади фудбалери на светот и стандарден англиски репрезентативец иако има само 20 години, а секоја екипа која е заинтересирана за него мора тропне на вратата на германскиот тим со кофер со 120 милиони евра.

Во Манчестер сити се свесни дека направија голема грешка со Џејдон Санчо, но се чини дека ништо на научија.
Имено, спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, денеска потврди дека нов фудбалер на „милионерите“ е Џејми Бајно-Гитенс, 16-годишен фудбалер кој игра на левата крилна позиција и доаѓа токму од академијата на Манчестер сити.

Бајно-Гитенс веднаш е приклучен на тимот на Борусија до 19 години, а се очекува од наредната сезона да биде прекомандуван во првиот тим и експертите му предвидуваат дека може да го достигне квалитетот на Санчо, па затоа и не чуди што се одлучи кариерата да ја продолжи во германскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот