Гувернерот на англиската Банка: Криптовалутите веројатно нема да потраат

фото Архива

Гувернерот на англиската Банка, Ендрју Бејли денеска истакна оти е малку веројатно дека постоечките криптовалути ќе потраат доволно долго за да служат како средство за плаќање.

– Дали сме на услови во кои дизајнот и управувањето ќе овозможат траење на дигиталната валута? – Не, не мислам дека сме стигфнати до таму, изјави Бејли.

Најпознатата криптовалута, биткоинот, достигна рекордна вредност од 42.000 долари на 8 јануари, но и падна на ниво од 28.000 долари во текот на минатата недела.

Бејли наведува дека сите предизвици на поставување на дигитална криптовалута како средство за плаќање се потценети, како и нивото на приватност што во тој случај мора да биде обезбедено.

– Прашањето на приватност за било кои трансакции е големо за целата тема на криптовалута, како и каде е јавниот интерес во целата ситуација, истакна Бејли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот