Гутереш: Случајно или планирано, можно е да започне нуклеарна војна

Антонио Гутереш
Антонио Гутереш / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази страв дека војната во Украина ќе се прошири, во забелешките до Генералното собрание на ОН во Њујорк, во време кога војната се доближува до својата прва годишнина.

„Руската инвазија врз Украина нанесува невидени страдања на украинскиот народ, со длабоки глобални импликации“, рече Гутереш.

„Изгледите за мир продолжуваат да се намалуваат. Шансите за понатамошна ескалација и крвопролевање продолжуваат да растат. Се плашам дека светот сега месечари во поширока војна. Се плашам дека тоа го прави со широко отворени очи“, додаде тој.

Осврнувајќи се на имплицитната руска закана за употреба на нуклеарно оружје, тој рече: „На светот му треба мир. Таканаречената ’тактичка‘ употреба на нуклеарно оружје е апсурдна. Ние сме изложени на најголем ризик од нуклеарна војна во последните децении, што може да започне случајно или планирано“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот