Гутереш: Пандемијата на коронавирусот се заканува на меѓународниот мир и безбедност

Гутереш додаде дека „знак на единство и одлучност” на Советот за безбедност на ОН би значело „многу во ова анксиозно време”.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги предупреди членките на Советот за безбедност на Светската организација дека пандемијата на коронавирусот се заканува на меѓународниот мир и безбедност и потенцијално води кон зголемување на социјалните немири и насилства, што во голема мерка може да ја загрози можноста за борба против болеста.

Гутереш, на првиот состанок на СБ на ОН за пандемијата на коронавирусот, го повика телото да се обедини во борбата против болеста, посочување дека неговото учество ќе биде клучно за ублажување на ефектите од пандемијата врз мирот и безбедноста.

Гутереш додаде дека „знак на единство и одлучност” на Советот за безбедност на ОН би значело „многу во ова анксиозно време”.

Состанокот на СБ на ОН преку видео-конференциска врска „зад затворени врати” беше првата средба на тоа тело посветена на пандемијата, по што беше издадено кусо соопштение во кое се дава поддршка за „сите напори на генералниот секретар во врска со потенцијалното влијание на пандемијата на Ковид-19 врз погодените земји и потсетува на потребата од единство и солидарност со нив “.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот