Гутереш: Пандемијата ги зголеми разликите и поделбите во светот

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш вели дека светот денес се соочува со глобални предизвици кои стануваат сè поголеми и посложени, додека одговорите на нив се сè повеќе расцепкани и неадекватни.

– Пандемијата на Ковид ги зголеми разликите и поделбите во светот, рече Гутереш на годинашното специјално издание на Конференцијата за безбедност во Минхен, додавајќи дека во исто време борбата за правата на жените направи чекор назад, а дискриминацијата и корупцијата се зголемија на глобално ниво .

Гутереш исто така истакна дека се доведени во прашање глобалните цели за одржлив развој.

– Во 2021 година треба да се вратиме на вистинскиот пат, а заздравувањето од пандемијата треба да биде основа, рече тој, додавајќи дека вакцините против Ковид треба да бидат достапни за секого.

Според него, земјите треба да споделуваат дози на вакцини и да го користат Ковакс механизмот за сите, а производството треба да се зголеми двојно.

Тој изрази надеж дека Г-20 е добра платформа за тоа, што треба да создаде механизам за забрзување на целиот процес на производство и дистрибуција на вакцините.

– Сега е време за солидарност, да се соочиме со уште поголеми глобални предизвици. Ако само ги вакцинираме развиените земји, а остатокот од светот го оставиме без вакцини, вирусот ќе мутира и вакцините може да не бидат ефикасни. Затоа мора да ги вакцинираме сите, без разлика каде се наоѓаат и тоа е итна задача, истакна Гутереш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот