Гутереш е воздржан за мировниот план на Трамп

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш е посветен на поддршката кон Израел и Палестинците да постигнат мировен договор врз основа на резолуцијата на ОН, меѓународното право, билатералните договори и создавањето две држави во границите од пред израелско-палестинската војна од 1967 година, соопшти ОН откако американскиот претседател Доналд Трамп го изнесе својот план за Блискиот Исток .

Британските медиуми потсетуваат дека еден месец пред Трамп да ја преземе должноста американски претседател, во јануари 2017 година, Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која бара прекин на изградбата на еврејски населби на окупираните палестински територии.

За резолуцијата гласаа 14 земји членки на СБ на ОН, со само еден воздржан глас, на администрацијата на тогашниот претседател на САД Барак Обама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот