Ѓуровски: Поради најлудата прослава на гол не зборував со тренерот

Поранешниот македонски репрезентативец, Марио Ѓуровски важеше за еден од најталентираните фудбалери на Балканскиот фудбалер и тоа играјќи на позиција која полека исчезнува во денешниот фудбал, класична десетка.

Фудбалерот кој речиси цела кариера се бори да изгради свое име и презиме и да избега од сенката на својот татко, легендата на македонскиот и југословенскиот фудбал, Милко Ѓуровски, последните седум години настапуваше во Тајланд и стана идол на навивачите. Токму во далечната Источна земја го играше најдобриот фудбал во кариерата, а за тоа колкава трага остави на Тајланд, најдобро говорат бројките, одигра 197 натпревари на кои постигна 93 гола и имаше 78 асистенции. Освен по одличните игри, Марио Ѓуровски ќе остане запомнет и по неверојатните прослави на головите.

Незаборавна е неговата прослава кога по постигнатиот гол, го соблече шорцот и го стави на главата, поради што доби црвен картон, а за искуството на Тајланд и за борбата да излезе од сенката на својот славен татко, Ѓуровски зборува за српски „Телеграф“.

– Многу пати се зборуваше за тоа, посебно на почетокот од професионалната кариера. Како дете не обрнував внимание на тоа, но како растев беше пренагласено тоа дека јас сум Ѓуровски и татко ми е Милко. Јас во тие моменти не знаев каков фудбалер беше татко ми, но и чичко ми (Бошко Ѓуровски) иако бев апострофиран како син на некого. Кога станав професионален фудбалер веќе беше поинаку, на почетокот се беше коректно, но со тек на времето полека сфаќав дека многу луѓе ме гледаа низ сенката на Милко Ѓуровски и тоа не беше пријатно.

Сепак, во мојата глава постојано имав свој пат и мото „не ги следи другите, биди свој“, тоа беше моја лична визија, мој личен пат. Мжожеби некаде грешев, но морам да бидам задоволен со оглед на тоа колку бев оспоруван и колку имав проблеми со тренерите. Да кажеме дека од 30 тренери со дури 28 имав проблеми но секогаш се обидував да бидам свој, да останам позитивен и да го гледам својот пат – вели Ѓуровски за Телеграф.

Ѓуровски признава настапите за Македонија му го отворија вратите на големата фудбалска сцена.

– На Тајланд и во репрезентацијата на Македонија се ми се врати и тоа беа две години каде по прв пат дојдов до сериозно ниво бидејќи играв за репрезентација против силни противници. Во Србија тоа беше окарактеризирано како негативна приказна, дека репрезентацијата на Македонија е лоша, клубот е лош… Луѓето кои од страна само гледаа не можат да сфатат, треба да се доживее да се игра против најсилни репрезентации на најголемите светски стадиони.

Јас имав чест и привилегија да играм за Македонија и тоа ми беше пресвртница во фудбалската кариера, се доведов до позиција да можам да ги наплатам игрите – вели Ѓуровски кој открива како се пресели на Тајланд и ги доживеа најдобрите моменти во кариерата.

– Бев под договор со Металург Доњецк но откако ми кажаа дека не сум во плановите на клубот, а имав тригодишен договор одлучив да не ја одбивам третата понуда од Тајланд. Се слушнав со сопругата и со семејството и одлучив да одам во Тајланд каде добив тригодишен договор. Не знаев ништо за фудбалот во оваа земја, освен дека Роби Фаулер беше таму и како играч и како тренер. Нормално имаше коментари од типот на „зашто одиш таму, дали е можно да се игра фудбал на Тајланд“, но на крајот излезе дека тоа е најдобриот потег во мојата кариера. Во првата сезона со Мутонг ја освоивме шампоинската титула без пораз.

Ѓуровски беше еден од најомилените фудбалери во Тајланд и тој статус го заработи не само со добрите игри туку и со невообичаените и луди прослави на головите. За многу фанови токму тој е актер на најлудата прослана по постигнат гол. Откако го даде голот, Марио го соблече шорцот и го стави на главата. Поради овој потег доби црвен картон, а тренерот Славиша Јокановиќ беше бесен на него.


– Таа прослава е можеби најглупавиот потег во мојата кариера. Тренерот Јокановиќ одреден период не зборуваше со мене поради тоа, беше лут иако му се извинував. Но како поминуваше времето, излезе дека тоа можеби беше и најдобриот потег кој го направии, не само за себе туку и за клубот. Се уште се зборува за тоа потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот