Гурмански тајни: Испечете совршен колач без грешка

Unsplash
Unsplash

При подготовката на колачи и слатки работите можат да тргнат во погрешна насока поради мали ситници. И покрај сиот труд и желба да направите совршени слатки, некогаш едноставно не успевате.

Дали е проблемот во рецептот или вашето незнаење?

Постојат неколку работи на кои морате да обрнете внимание при приготвувањето десерти..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by emu (@emubakes)

Нерамномерно испечена кора – причина за тоа може да е премногу високата температура, па тестото внатре да остане недопечено, иако однадвор изгледа совршено. Кога правите десерт држете се до точните упатства за времетраењето и температурата на печење. Ако тоа не е проблем, проверете со термометар како загрева рерната. Ако температурата што ја избравте на термостатот не е иста со онаа внатре, тогаш викнете мајстор за калибрирање кој ќе ви го реши проблемот. Или полесно е да ја зголемите (намалите) температурата за онолку степени колку што отстапува од предложената температура во рецептот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbara (@probablycake2day)


Грутчиња – причина за ова најчесто е лошото миксирање, без разлика дали мешате рачно или со миксер. Секогаш користете сад како полутопка, за да можете полесно да ги измешате состојките. Ако садот има агли, секогаш има шанса нешто да остане во ќошињата. На крај од матењето, уште еднаш со лажица или шпатула кратко промешајте и проверете дали смесата е воедначена.
Тестото се залепи за плехот – за да го избегнете ова, пазете сите површини од плехот да се добро премачкани со путер или масло, а потоа посипани со брашно. Ако не сакате да мачкате масло и брашно, решение е хартијата за печење. Само внимавајте добро да го наместите и измазните со така. Хартијата полесно ќе се одлепи додека кората е топла.


Глазура – ако ви изгледа лошо или е со грутки, не грижете се. Преку неа ставете уште еден тенок слој да ги покриете нерамнините. По половина час во фрижидер, глазурата ќе изгледа воедначено, само внимавајте вториот слој да е многу тенко нанесен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот