Група туристи од Србија „заробена“ во Занзибар поради новиот сој омикрон

Аеродром во Занзибар/ Фото: ЕПА

Со појавата на новиот сој на коронавирус, Омикрон голем број авиокомпании се принудени да откажат илјадници летови дневно. Токму поради оваа причина, група туристи од Србија остана „заробена“ во Занзибар.

– Во Занзибар беа заробени неколку стотини српски туристи и тие пристигнаа таму или преку агенции или самостојно. Оние кои пристигнаа со Флај Дубаи, кои откажаа голем број летови, сега имаат голем проблем, бидејќи се работи за нискобуџетна, евтина компанија и работат по различни правила. Имено, големите авиокомпании имаат обврска да ви го заменат билетот во случај на непредвидена ситуација, но нискобуџетните компании ја немаат таа обврска. Тоа значи дека патниците од Занзибар кои дојдоа со оваа авиокомпанија ќе треба сами да си го најдат патот и да купат нов билет, изјави Александар Сеничиќ, директор на Јута, на телевизијата К1.

Како што рече Сеничиќ, причината зошто авиокомпаниите ги откажуваат летовите е затоа што немаат доволно пилоти и персонал поради пандемијата на корона.

– Затоа многу компании се откажаа од летовите до многу дестинации. Мој совет е патниците кои патувале преку агенции и доживеале нешто слично да се обратат во агенциите и да побараат враќање на парите, вели Сеничиќ.

Тој потенцира дека не се во можност да предвидат како ќе изгледа состојбата за 15 дена и затоа како што рече, е препорачливо да се биде добро информиран за мерките кои се на сила во државата во која планирате да одите.

– Без разлика на сертификатот за вакцинација, голем број земји сега воведуваат задолжителен ПЦР тест кој мора да го направите пред да патувате, а често и по слетувањето на саканата дестинација. Имам впечаток дека луѓето кои воведуваат мерки веќе не ни знаат што бараат, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот