Груби: Ја поздравувам одлуката на Богоевски

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби ја поздрави одлуката на пратеникот Павле Богоевски кој си поднесе оставка.

– Изразувам жалење за состојбите на негивиот близок член на семејството и му посакувам брзо оздравување. На Павле му посакувам успех во понатамошните негови активности, изјави Груби.

Тој изјави дека проектот за ветинг кој што тој го најави ќе функционира за сите што извршуваат јавна служба.

– Се надевам дека сите ние ќе ги почитуваме сите институции на државата откако ќе поминат низ сите филтри и секако дека ќе бараме оставка од нив доколку згрешиле – рече пратеникот на ДУИ.

Тој дополни дека и членови на неговата партија кои што извршуваат јавни функции ќе си поднесат оставка доколку не ги поминат филтрите на институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот