Гризман: Знаев дека ќе биде тешко во Барселона

twitter.com/fcbarcelona

Антоан Гризман беше ѕвезда на летниот преоден рок кога за сума од 120 милиони евра од Атлетико Мадрид се пресели во Барселона. Многу се очекуваше од Гризман во дресот на Барселона, требаше да се формира ново пеколно трио во нападот Меси, Суарез, Гризман но Французинот во 15 натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите постигна само четири голови и имаше три асистенции.

– Многу учам, се привикнувам на стилот на игра, иако знаев дека ќе ми биде тешко во Барселона – изјави Гризман.

Како една од главните причини за послабите игри од очекуваното е тоа што Гризман во нападот не игра во средината, туку на крилната позиција, на која никогаш досега не играл.

– Мислам дека играм многу подобро кога сум во средината на нападот. На таа позиција играв неколку години, но сега во Барселона мора да се привикнувам на нова улога – потенцира Французинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот