Грета Тунберг во Давос: Енергетската индустрија жртвува човечки животи за своите цели

Грета Тунберг/ Фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Климатската активистка Грета Тунберг рече дека без притисок од јавноста, глобалната енергетска индустрија ќе оди колку што може и ќе продолжи да инвестира во фосилни горива и со тоа да „ги жртвува луѓето за нивните цели“.

За време на дискусијата на тркалезната маса меѓу активистите за климатски промени и шефот на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) Фатих Бирол во Давос, Тунберг и други активисти рекоа дека им испратиле на извршните директори писмо во кое ги повикале „да престанат и да се откажат“ од тоа што го прават.

Активистите ја обвинија енергетската индустрија за „киднапирање” на дебатата за климатските промени на годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во швајцарскиот ски-центар Давос.

Компании од нафтената и гасната индустрија соопштија дека тоа мора да биде дел од енергетската транзиција бидејќи фосилните горива ќе продолжат да играат главна улога во енергетскиот микс во светот додека земјите преминуваат кон економии со ниска потрошувачка на јаглерод.

Тунберг седна со активистките Хелена Гуалинга од Еквадор, Ванеса Накате од Уганда и Луиза Нојбаер од Германија за да разговараат за проблемите со Бирола. Тие ги повикаа не само енергетските компании туку и финансиските институции кои финансираа инвестиции во фосилни горива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот