Грција во првиот бран туристи ги очекува Германците, Кипарците и Израелците

Фото: Unsplash

Премиерот Кирјакос Мицотакис рече дека Германците ќе може да ја посетат Грција од 15. јуни.

Грција од средината на јуни ќе дозволи влез на патиници од 20-тина земји, вклучувајќи ги и Германија, Кипар и Израел, а нивните државјани нема да мора да одат во карантин, открија денеска владини извори нагласувајќу дека првите туристи ги очекуваат токму од тие три земји.

Туризмот чини 20 отсто од грчката економија и владата тој сектор го смета за главен двигател на опоравувањето после изолацијата.

„Државјаните од 20 до 25 земји ќе може да дојдат“, откри владин извор и додаде дека на тој попис се земји како Германија, Кипар, Израел, други европски земји и балканските земји.

Премиерот Кирјакос Мицотакис рече дека Германците ќе може да ја посетат Грција од 15. јуни. Истиот датум ќе се обноват меѓународните летови за Солун, две недели порано од планираното.

Државјаните на другите земји од ЕУ- освен Италија, Шпанија и Холандија – моментално може да летаат во Атина, но мораат во 14 дневен карантин.

На државјаните на Велика Британија и трети земји забранет им е влезот во Грција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот