Грција ќе гради лебдечка ограда за ги спречи мигрантите да стигнат до островите

FOTO: EPA/LOUKAS MASTIS

Таа треба да се издига 50 сантиметри над водата и да има трепкачки светла.

Владата во Грција сака да изгради лебдечка ограда за да ги спречи мигрантите да стигнат до грчките острови од блискиот турски брег.

Грчкото Министерство за одбрана ги повика приватните компании да достават понуди за лебдечка ограда долга 2,7 километри во рок од три месеци, се наведува на веб-страницата на грчката Влада.

Засега нема детали за тоа кога би била поставена оградата.

Таа треба да се издига 50 сантиметри над водата и да има трепкачки светла.

Министерството за одбрана проценува дека проектот ќе чини 500.000 евра, со вклучено четиригодишно одржување.

Во описот се наведува дека лебдечката ограда треба да биде изградена „со невоени спецификации” и со специфични карактеристики за извршување на мисијата во управувањето со бегалската криза”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот