Гран при за монодрамата „Едит Пјаф“ на романската актерка Дениза Абабеи

Дениза Абабеи
Дениза Абабеи / Фото: МИА

Актерката и режисер на монодрамата „Едит Пјаф“ што ја изведе Дениза Абабеи е годинешен добитник на највисокото фестивалско признание, наградата Гран при што ја додели Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2022“.

Актерката Абабеи е членка на театарот „Годо“ од Букурешт, а одлуката за највисокото одличје је донесе жири комисија во која членуваа Владимир Милчин – режисер, Бедија Беговска – актерка и Сашо Димоски – драмски писател.

Наградата за најдобро актерско остварување ја доби Каролин Брнс Кук од Велика Британија за улогата во претставата „А јажето сè уште ѝ е врзано околу стапалата“, работена според текст на Каролин Брнс Кук, во режија на Колин Ваткис, додека награда за најдобра режија беше доделена на режисерот Иван Лео Лемо за претставата „Вла Вла Влавајланд“, продукција на Театар „Морузгва“, Загреб, а во изведба на актерката Еција Ојданиќ.

Според востановената традиција, градоначалникот на Општина Битола ја додели наградата од публиката, која годинава ѝ припадна на монодрамата „Помеѓу“ на авторот и актер Ибрахим Миари.

„Зад нас оставаме една седмица исполнета со богата театарска игра на актери од 11 земји од светот кои со 13 одиграни монодрами, говорејќи на јазикот на уметноста, успеаја да предизвикаат голем интерес кај квалитетната театарска публика. Преку сериозна и квалитетна уметничка продукција, единствениот театарски фестивал во државата од жанрот монодрама, во Битола, од година во година, создава се посилна, магична енергија на посебност, специфичност, но истовремено и голем предизвик за нова посветеност“, истакна Коњановски и додаде дека за локалната самоуправа, од особена важност е да даде поддршка на квалитетот и културниот напредок за да уметноста од светот, дојде во Битола, а за Битола да се слуша и раскажува во светски рамки.

Интернационалниот фестивал на монодрама се одржа со поддршка на Министерството за култура, а свеченото доделување на наградите го проследи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот