„Граѓаните“ се нови лидери во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер сити имаат бод предност пред Ливерпул на врвот на табелата/ фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Фудбалерите на Манчестер сити славеа со 1:3 на гостувањето кај Вотфорд во рамки на 15 коло од Премиер лигата.

Победата на „Викариџ роуд“ значеше и искачување на првото место на табелата со 35 бода, еден повеќе од Ливерпул и два од Челси кој денеска загуби од Вест Хем.

„Граѓаните“ победата ја најавија уште во четвртата минута со голот на Рахим Стерлинг, а Бернардо Силва во 31 минута зголеми на 0:2.

Португалецот со својот втор гол во 63 минута ги разреши сите дилеми околу победникот, а домашниот тим до крајот на средбата успеа само да го ублажи поразот преку Кучо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот