Градот ќе банкротира со бесплатен јавен превоз

ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески
Колку би чинел функционален бесплатен јавен превоз во Скопје?  Ова прашање се наметнува откако кандидатите за градоначалници на Град Скопје ветија бесплатен јавен превоз во метрополата.

Од ЈСП велат дека велат според грубата пресметка, јавниот превоз во Скопје ги имал следниве месечни трошоци, ако како репер ја земеме непандемиската 2019 година:

За гориво околу 600 илјади евра, за плати 1 милион евра, 400 илјади евра за приватни превозници, и 300 илјади евра за оддржување. Просечниот приход бил 750 илјади евра од продажба на билети. Значи, за 2019 година вкупните месечни трошоци биле околу 2.3 милиони евра, а вкупните годишни трошоци биле над 27 милиони евра, додека вкупните годишни приходи од продажба билети биле околу 9 милиони евра.

Експерти кои се упатени во проблематиката со јавниот превоз, укажуваат дека воведувањето на бесплатниот јавен превоз или комплетно ќе го блокира јавниот превоз или ќе го банкротира градот Скопје.

За да се воведе функционален јавен превоз треба најмалку двојно, или тројно да се зголемат бројот на автобуси, вработени, и месечни трошоци. Имено, ако не се зголемат постојните капацитети, автобусите би биле преполни, би се полнеле уште на првите станици и бесплатниот јавен превоз би бил сосема нефункционален.

Ако се пресмета цената на чинење на новите автобуси кои мора да се набават (автобуската флота треба барем двојно да се зголеми), ако на тоа се додадат двојно поголемите месечни трошоци за гориво, плати, и одржување, и ако се намалат приходите од продажба на билети, тогаш доаѓаме до неверојатна сума од над 100 милиони евра само во првата година на воведување на бесплатниот јавен превоз.

Ако се додадат и исплатите за разните кредити на ЈСП, трошоците се над 30 милиони евра годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот